Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон и Деби Роу, привлече внимание на модната недела во Париз благодарение на атрактивната модна комбинација. Имено, таа се појавила во целосно проѕирен фустан.
Парис се решила за благо виткана фризура и шминка во природни нијанси. Модната комбинација ја комплетирала со чанта и отворени потпетици, а присуствувала на ревијата есен/зима на Стела Макартни.
На овој моден настан присуствуваа и многу други познати личности, меѓу кои Кејт Мос, Барбара Палвин, Ајс Спајс, Ана Винтур …
Инаку ќерката на легендарниот музичар во јануари прослави пет години откако престанала да користи дрога и алкохол.
„Сфатив дека животот продолжува понатаму без разлика дали сум трезна или не, но сега активно учествувам во него. Еве неколку снимки од тоа што можев да направам бидејќи бев трезна. Боже, не ми се верува дека за малку ќе го пропуштев сето ова“, рекла Парис.
Таа исто така откри и дека моментално напорно работи на нов албум, што особено ги израдувало нејзините обожаватели.