Цел Холивуд зборува за разводот на Џорџ Клуни – Извори тврдат дека актерот и неговата сопруга се среде голема брачна криза: „Ова е тест за нивниот однос“

Точка

05/03/2025

23:08

3.225

Големина на фонт

а а а

По десет години брак, Џорџ Клуни (63) и неговата втора сопруга Амал Аламудин (47) повторно ги разгореа гласините за брачните проблеми, бидејќи изворите тврдат дека парот моментално е во фаза на „пробен развод“ и одржува врска на далечина.

Според информациите, нивните професионални ангажмани се одговорни за тензичната ситуација во овој однос.

Иако холивудската ѕвезда во голема мера ја намали својата улога во филмската индустрија, Клуни продолжува да ја развива својата актерска работа на Бродвеј, каде наскоро ќе ја прикаже премиерата на театарската адаптација на неговиот филм „Good Night, and Good Luck“, што наводно „довело до отуѓување на парот“.


Извор близок до парот за американските медиуми изјавил дека односот е затегнат:

„Иако [Амал] е горда што тој го оствари својот сон на Бродвеј, не беше лесно да бидат разделени толку долго време, а разделбата поради непредвидливото работно време создаде јаз меѓу нив“.

„Таа е навикната тој да оди на неколку дена, но ова е дефинитивно тест за нивната врска“, додал изворот.

Важно е да се напомни дека актерот Џорџ Клуни се свршил со британско-либанската адвокатка за човекови права Амал Аламудин во април 2014 година, а истата година размениле свадбени завети во Венеција. Парот ги има седумгодишните близнаци – ќерката Ела и синот Александар.


Иако Клуни престојувал во Њујорк поради неговото деби на Бродвеј во последните месеци, нивните деца се преселиле во Велика Британија со Аламудин, која наскоро повторно ќе предава на својот алма матер, Универзитетот во Оксфорд.