[ФОТО] Камерон Дијаз го привлече вниманието при реткото појавување во јавноста

Точка

06/03/2025

10:39

974

Големина на фонт

а а а

Камерон Дијаз привлече внимание во текот на реткото појавување.

Фотографите ја фотографираа при пристигнувањето на модната недела во Париз. 52-годишната актерка се појавила во црна облека, а особено внимание привлекла нејзината долга црна кожна јакна.



Јакната ја искомбинирала со кафеава чанта од дизајнерката Стела Макартни и невообичаените црвени чевли, а по нејзиното пристигнување обожавателите веднаш ја опколија познатата актерка.

Таа во последните години ретко се појавува во јавноста

Камерон Дијаз ретко се појавувала во јавноста во последните години. Кон средината на јануари таа се појави на црвениот килим по пет години. Тогаш присуствуваше на премиерата на филмот на Нетфликс, „Back in Action“ во Берлин, во кој глуми со нејзиниот колега Џејми Фокс. Последниот филм кој претходно го сними беше „Anny“ од 2014 година, во кој исто така глумеше со Фокс.



Дијаз неодамна изјави дека десетте години кои ги поминала во привремена актерска пензија биле „десетте најдобри години“ во нејзиниот живот. Не е познато дали е ова нејзиното трајно враќање на актерството, но, како што рече во емисијата „The Graham Norton Show“ на Би-би-си, „ова можеби е почеток, не знам“.

„Најдобрите 10 години од мојот живот“

Во филмот „Back in Action“, Дијаз и Фокс (57) толкуваат брачна двојка со деца, а истовремено се поранешни шпиони кои се принудени да излезат од пензија кога нивните животи ќе бидат загрозени.

Зборувајќи за нејзината пауза од снимањето филмови, Дијаз рекла дека тоа биле „најдобрите 10 години од нејзиниот живот“. Иако целото тоа време одбивала улоги, таа му кажа на Нортон дека и денес чувствува дека е „привилегија“ да глуми.

„Би била навистина глупава да дозволам ова сега да исчезне, сета таа добра волја што растела во мене толку долго, оваа страст за снимање филмови што ќе ги забавуваат и насмеат луѓето, да не се впуштам во тоа повторно, да не ја искористам оваа можност и да не бидам благодарна за тоа“, објасни таа.