Џиџи Хадид, едно од најпознатите лица на модната индустрија, привлече внимание на специјален настан во Париз.
Спојот на модата и уметноста беше прославен во познатиот музеј Лувр, а Џиџи одлично ја претстави таа идеја со својот изглед.
Џиџи Хадид го надополни својот впечатлив фустан со внимателно одбран накит. Таа носеше слоевити дијамантски и златни ланчиња, меѓу кои се издвојуваше долга огрлица со привезок во форма на срце. Големи златни обетки, украсени со ситни дијаманти и соодветни нараквици и прстени ја заокружија нејзината гламурозна облека.
Нејзината руса коса беше обликувана во елегантна фризура која многумина ги потсети на Мерлин Монро и на златното доба на Холивуд.
„Секогаш те остава без зборови“, „Кој рече дека не можеш да комбинираш сребро и злато? Џиџи може се“, „Изгледа фантастично“, беа само дел од коментарите.