Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс напредува во актерката кариера

Точка

05/03/2025

15:04

4.197

Големина на фонт

а а а

Дилан Даглас, 24-годишниот син на Мајкл Даглас (80) и Кетрин Зета Џонс (55), напредува во својата актерска кариера, следејќи ги стапките на неговите славни родители.

Со желба да снима што повеќе проекти, Даглас го прифатил дипломскиот филм на студент од Њујорк, наречен „Truths of a Corporate Sellout“, а на својот Инстаграм сподели како изгледаат работите зад сцената на неговиот претстоен проект.


Глумел и во театар

Дилан дипломирал на Универзитетот Браун, а своето филмско деби го остварил во 2003 година, појавувајќи се заедно со неговиот татко Мајкл, братот Камерон и дедото Кирк Даглас во комедијата „It Runs in the Family“, а со текот на годините продолжил да го гради сопственото име во светот на шоубизнисот.


Во 2011 година, тој синхронизирал епизода од „Phineas and Ferb“ која се емитуваше на каналот на Дизни, а глумел и во театар.

Започнал поткаст

Покрај актерството, Дилан покажал интерес и за политички теми, па така во септември 2024 година започнал неделен политички поткаст серијал на „Sirius XM“ наречен „Young American“. Поткастот се емитува во сабота во 11 часот и има за цел да ја информира и мотивира неговата генерација за политички прашања кои влијаат врз нивната иднина.


„Тоа беше диво „возење“ последните неколку години. Од почетокот на вечните војни, првиот црн претседател, културните војни, а сега втора шанса за првата претседателка, мојата генерација преживеа некои од најтрансформативните и најбурните времиња во нашата историја – а ќе биде само полудо“, рече Дилан најавувајќи го поткастот.

Покрај синот Дилан, Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас имаат и ќерка Керис (23).

Познатите актери се во брак 25 години

Парот оваа година слави 25 години успешен брак. Нивната љубовна приказна започнала на филмски фестивал во Франција.


Тие се венчаа во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Нивната раскошна венчавка, на која присуствуваа многу познати актери, политичари, па дури и членови на британското благородништво, беше прогласена за венчавка на годината.