Кога стивнаа страстите по дегутантните комбинации на црвениот тепих на Долби театарот по повод Оскарите, а особено со забавата на „Vanity Fair“, на која доминираше вулгарната голотија на познатите убавици, вниманието конечно можеше да се пренасочи кон нешто убаво. Како сопругот на Линдзи Лохан – чиј изглед е главна тема на социјалните мрежи. Воодушевување, комплименти, завист. Во овие три категории се вбројуваат коментарите поврзани со атрактивноста на економистот од Кувајт.
Линдзи Лохан и Бадер Шамас се појавиле заедно на ексклузивна забава во Лос Анџелес по Оскарите и ова било ретко заедничко појавување во јавноста. И, иако сите мислеле дека освеженото лице на познатата актерка повторно ќе биде главна тема на сите медиуми и кулоарски разговори и стории, таа останала во сенка на својот 38-годишен сопруг, чиј изглед целосно ги маѓепсал жените ширум планетата.
Патем, парот првпат поттикнал романтични гласини во февруари 2020 година, но деталите за тоа кога и како се запознале не се познати.
„Јас сум најсреќната жена на светот“
„Јас сум најсреќната жена на светот. Не затоа што ми треба маж, туку затоа што тој ме пронајде и знаеше дека сакам да најдам среќа и мир. Благословена сум што тој е мојот сопруг“, напишала своевремено актерката, која во 2022 година се омажила за богатиот Арап.
Во јули 2023 година, парот го добил своето прво дете. Тие го нарекле својот син Луај, што на арапски значи „штит“ или „заштитник“.
Ретки заеднички појавувања во јавноста
Иако актерката и милионерот обично го држат својот приватен живот подалеку од јавноста, Шамас сепак направил исклучок, појавувајќи се покрај Линдзи на њујоршката премиера на нејзиниот нов филм „Our Little Secret“ (Нашата мала тајна) во ноември 2024 година. Тие позирале заедно на црвениот тепих – исто како што позирале и четири месеци подоцна на афтер-забавата на Оскарите.
Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници
Инаку, Бадер Шамас работи како помошник потпретседателот во „Credit Suisse“.
Според официјалната веб-страница на компанијата, ова е водечка финансиска институција која ги советува клиентите за сите аспекти на финансиите ширум светот – 24 часа на ден.
Заедно со Линдзи Лохан од 2020 година?
Во февруари 2020 година, Линдзи Лохан поттикнала гласини за запознавање кога на Инстаграм споделила групна фотографија од музички фестивал во Дубаи, спомнувајќи го својот „дечко“ во описот.
На фотографијата се гледа како актерката среќно позира меѓу маж во црна јакна и тапанарот од Бастилја, Крис Вуди, кој настапувал таа вечер. Во компанијата била вклучена и нејзината сестра Алијана, како и музичарот Ден Смит.
„Преубава ноќ со сестра ми и моето момче Бадер“, напишала таа во објавата, а потоа брзо ја избришала.
Меѓутоа, ПР тимот на познатата актерка тогаш официјално не ги потврдил гласините за нивната врска.
Сепак, две години подоцна, на Денот на вљубените, 2022 година, Линдзи Лохан споделила црно-бела фотографија каде двајцата биле прегрнати. Во описот напишала: „Мојот вечен Валентин“.
Живее во Дубаи
Исто како Лохан, Шамас живее во Дубаи. Водителот Енди Коен во „The Talk“ изјавил дека „Дубаи е игралиште за милијардери“, додека Линдзи во интервју за „Entertainment Tonight“ во 2017 година објаснила зошто одлучила да се пресели во овој град:
„Сакам да живеам во Њујорк, но го сакам спокојството и мирот што ги наоѓам во животот на Блискиот Исток, бидејќи во Дубаи нема камери и можам да се фокусирам на она што сакам да го правам во животот. Не мора постојано да бидам во очите на јавноста. Можам да имам приватен и јавен живот – но тогаш кога јас ќе одлучам. Мислам дека тоа е навистина важно“, изјавила таа.
Тој не е првиот нејзин вереник
Кога Лохан и Шамас се вериле, таа на Инстаграм напишала: „Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина“.
Меѓутоа, Шамас не е првиот човек кој ја запросил Лохан. Актерката претходно била свршена со рускиот бизнисмен Егор Тарабасов, но нивната врска завршила бурно во 2016 година, кога на интернет осамнало видео од физичка пресметка.
„Искрено бев вљубена во него, но тој ја изневери мојата доверба и ме натера да се чувствувам несигурно“, изјавила тогаш актерката.
Поддршка од семејството и брак
Бадер Шамас потполно ги освоил срцата на семејството на Линдзи. Кога ја објавиле свршувачката, нејзината мајка Дина Лохан напишала на Инстаграм: „Срцето ми е полно“, а актерката набрзо споделила заедничка фотографија, која сведочела дека посветеноста на нејзиниот вереник кон примарното семејство е голема и искрена.
Понатаму, откако Линдзи во својата објава на Инстаграм Шамас го нарекла свој сопруг, магазинот „People“ потврдил во јули 2022 година дека двајцата се венчале и биле на меден месец во Турција, престојувајќи во луксузно одморалиште во Бодрум.
Во јули 2023 година, тие станаа родители Линдзи Лохан и Бадер Шамас го добиле синот Луај во јули 2023 година. Неговото име значи „штит“ или „заштитник“ на арапски.
ПР тимот на актерката потоа ја потврдил веста за магазинот „People“: „Линдзи Лохан и нејзиниот сопруг Бадер Шамас го пречекаа прекрасниот, здрав син по име Луис. Нивното семејство е пресреќно“, кратко се огласиле тогаш.
Блиски пријатели со Стивен и Ајша Кари
Инаку, Лохан и Шамас се блиски пријатели со НБА-ѕвездата Стивен Кари и неговата сопруга Ајша Кари – толку многу што ги замолиле да бидат кумови на нивниот син.
Во едно интервју во март 2024 година, актерката открила дека нивните „заеднички состаноци“ во нивната екипа главно вклучувале „играње карти, готвење и гледање филмови“.