[ФОТО/ВИДЕО] Ќерката на Џони Деп присуствувала на забавата по Оскарите: Нејзината модна комбинација не помина незабележано, еве и зошто

Точка

05/03/2025

18:19

1.383

Големина на фонт

а а а

Лили-Роуз Деп, 25-годишната ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради, стана тема на коментари на социјалните мрежи поради аутфитот што го носела на забавата „Венити фер“ организирана по доделувањето на Оскарите.

Младата актерка се појавила во краток шарен топ украсен со црна панделка и долго здолниште со низок струк. Со аутрфитот ги истакнала својата витка линија и тесен струк, а додека некои ѝ даваа комплименти за изгледот, други сметаа дека не е соодветно облечена за ваков настан.



„Ова изгледа ужасно“, „Можела да облече нешто. Изгледа како да тргнала на плажа“, „Убава е, но не ми се допаѓа оваа облека за Оскарите“, „Изгледа како стомачна танчарка“, „Малку насмевка, малку руменило и сјај за усни и ќе изгледаше подобро“, „Не разбирам зошто ја осудувате. Млада е и изгледа модерно“.


Watch on TikTok


Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници

„Nosferatu“ бил номиниран во четири категории

Инаку, хорор филмот „Nosferatu“, во кој Лили-Роуз ја игра главната улога, беше номиниран за Оскар во четири категории. Филмот е римејк на германскиот експресионистички класик од 1922 година, инспириран од романот Дракула на Брам Стокер. Сместен во Германија во 1830-тите, ја следи младата жена, Елен Хантер, која ја игра Лили-Роуз, додека се обраќа на натприродно суштество како би ја ублажила нејзината осаменост, што ја наведува да даде злокобен завет за вечност. Хоророт има 84 проценти на „Rotten Tomatoes“.

„Слаба сум на луди љубовни приказни. Ако се отстрани натприродниот, демонски елемент, тоа би можело да биде за девојка која се двоуми помеѓу добар и лош дечко. Љубовта која ја дели со нејзиниот сопруг е вистинска и чиста, а тој го претставува сето она што таа сака да биде добро. Тој е светот и добрината и богот, сè на што треба да се потпре. А вампирот го претставува сето она лошо што ја привлекува и прави да се чувствува возбудено“, изјавила актерката пред новинарите. Лили-Роуз неодамна открила дека овој филм сигурно ќе ѝ „донесе поени“ кај нејзиниот помлад брат Џек, ко, ј како и таа, како дете бил опседнат со Дракула.