[ВИДЕО] Грчкиот „остров на бесмртните“ каде луѓето не знаат за болести и стрес: Жителите овде имаат пет пати помали шанси да развијат деменција во споредба со САД - еве ја и причината

Точка

05/03/2025

16:25

1.564

Големина на фонт

а а а

Дан Биетнер, познат автор и експерт за здрав живот, неодамна сподели интересни детали за уникатно место каде што луѓето живеат исклучително долг и здрав живот.

Биетнер е креатор на концептот „сини зони“ – региони во кои долговечноста на населението е значително над просекот.

„Со проучување на културите на долгиот живот, идентификувавме девет клучни правила за долг и здрав живот“, се наведува на неговата официјалната веб-страница, пренесува британски „Експрес“.


Тајната за долг живот на грчкиот остров

На својот профил на ТикТок, Биетнер зборувал за Икарија, мал грчки остров со помалку од 9.000 жители, населен уште од 7.000. години п.н.е.

„Икарија е веројатно најнеобичната „сина зона“, која се наоѓа веднаш до турскиот брег. Зачудувачки е што жителите овде имаат пет пати помали шанси да развијат деменција во споредба со САД – тие не само што живеат подолго, туку остануваат ментално бистри до крајот на нивниот живот“, истакнал тој.


Како пример, тој ја раскажал приказната за Стаматис Мораитис, човек на кој му беше дијагностициран рак во Америка, што го натерало да се врати на родниот остров. Спротивно на сите прогнози, тој продолжил да живее уште 35 години.

„Не сме сосема сигурни која е тајната на нивната долговечност, но веруваме дека билните чаеви играат важна улога. Наместо кафе, секој ден пијат чаеви од рузмарин, оригано и нане“, објаснил тој.

Биетнер вели дека специфичниот начин на живот на жителите е благотворен и наведува дека „за разлика од другите грчки места, луѓето овде живеат многу самостојно“.

Тој исто така додал дека сите имаат свои градини и се грижат за себе, што може да придонесе за нивната долговечност.



По објавувањето на видеото, многу корисници на ТикТок, вклучително и самите островјани, ги потврдија неговите тврдења.

„Јас сум од Икарија и мислам дека долговечноста е поврзана со исхраната и начинот на живот. Кај нас многу се пешачи. Дури и моите прабаба и прадедо, кои имаат над 90 години, сè уште насекаде одат пешки“, напишал еден корисник.

Уште еден локален жител ја споделил својата приказна.


„Мојот прадедо живееше 108 години, ги имаше сите заби, никогаш не носеше очила и не користеше бастун, живееше сам на четврти кат и планинареше секој ден. Тој обожаваше млеко и домати“, рекол тој.

И туристите кои го посетиле островот се согласиле дека Икарија е посебно место.

„Храната е многу поквалитетна отколку во САД. Секое утро јадев јогурт со мед, што никогаш не го правам дома. Речиси не јадат месо и избегнуваат шеќер, но сите имаат некоја страст или хоби. Тие лесно вежбаат секој ден“, шетаат, возат велосипед или работат во градината“, рекол еден посетител.


Watch on TikTokWatch on TikTok

Велат дека овој остров е „вистински мал рај на земјата – здрав начин на живот, енергични луѓе, опуштена атмосфера, свежа и вкусна храна, недопрена природа…“