Ким Кардашијан предизвика многу реакции со својата нова кампања која ги промовира SKIMS, нејзината линија костими за капење и долна облека.
Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс Сквер во Њујорк. Инсталацијата е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклатакоја наликува на Ким, 44-годишната ријалити ѕвезда доби многу критики.
„Нереален приказ на женското тело“, „Таму шетаат деца, не е во ред“, „Дали луѓето што го одобрија ова се добро?“, „Го сакам СКИМС, но ова е грозно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Новата колекција на костими за капење од брендот SKIMS се карактеризира со смели животински принтови и женствени силуети, а особено се истакнуваат дезени од леопард и тигар во нежни нијанси на шампањ.