Поранешната прва дама на Франција, 57-годишната Карла Бруни, снимила видео на кое се гледа како танцува околу шипка.
Поранешната манекенка и поранешна прва дама на Франција, Карла Бруни, покажала дека и покрај тоа што има 57 години, сепак „сака сè што сакаат младите“.
Сопругата на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози (70) го снимила својот кондициски тренинг и го покажала своето совршено тело, а потоа ги изненадила сите со новото хоби – танцување на шипка.
Карла за прв пат зачекори во светот на модата на 19 години работејќи за познатите брендови како Шанел, Диор, Карл Лагерфелд, Версаче и други. Таа се стекна со статус на една од најпосакуваните жени во светот, а беше меѓу 20-те најплатени манекенки со заработка од речиси осум милиони долари годишно.
Карла се испробала и во музиката, а нејзината популарност дополнително ја зголеми бракот со поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Пред да се омажи за Саркози во 2008 година, беше објавено дека била во врска со познатите музичари Ерик Клептон, Мик Џегер, Чарлс Берлинг и други, а се зборуваше и дека била во врска со поранешниот француски премиер Лоран Фабиус.
По нив, таа започна врска со Жан Пол Ентовен, но се заљуби во неговиот син, професорот по филозофија Рафаел Ентовен, кој во тоа време бил во брак.
Од таа љубов во 2001 година се роди нивниот син Аурелјан. Тие раскинаа во 2007 година бидејќи Рафаел чувствувал дека нивната врска не е искрена.
Три години откако се омажи за Саркози, Карла ја роди нивната ќерка Џулија. Таа сè уште е среќно мажена и според многумина сè уште е една од оние убавици на кои годините немаат никакво влијание.