[ФОТО] Холивудската ѕвезда стана мета на критики: „Изгледа како да има 45 години“

Точка

01/03/2025

17:03

4.251

Големина на фонт

а а а

Мили Боби Браун се појави на европската премиера на „The Electric State“ која се одржа во Мадрид и остави силен впечаток, но предизвика и голем број коментари.

Талентираната млада актерка Боби Браун (21) привлекува внимание на секој чекор, а особено откако ја смени фризурата и стана русокоса.

Таа на премиерата дојде со сопругот Џејк Бон Џови, а покрај новата фризура ја покажа и својата завидна фигура.



Мили за оваа пригода избра светла тоалета со извезени мотиви и долг тегет шал како моден детаљ. Под проѕирниот фустан актерката не носеше ништо, освен постава во кожа боја, па така јасно ѝ се оцртаа градите, а воедно тоа беше и еден од најпровокативните моменти од нејзиното појавување.


Изгледот го надополни со брановидна фризура и едноставен накит.

Меѓутоа, младата актерка набрзо стана мета на негативни коментари, а корисниците на социјалните мрежи немаа милост кон неа и тоа поради бојата на нејзината коса.

Како што е наведено на социјалните мрежи, повеќето веруваат дека Мили згрешила што станала русокоса, и дека сега изгледа многу постаро.



„Зошто оваа шминка и оваа руса коса? Најубава си кога си природна. Вака изгледаш како да имаш 40 години“, „Изгледа како 45-годишна жена која се обидува да има 22 години“, „Не ми се верува дека има околу 20 години, изгледа како да има барем 35“, беа само дел од коментарите.


Но, Мили не остана имуна на сите прозивки, па набргу потоа објави напис на „Vogue“ со своја фотографија на која пишуваше: „Никому не му е грижа колку години мислиш дека има Мили Боби Браун“.

„Благодарам“, додаде Мили.