За актерите понекогаш е корисно да имаат добри односи со колегите, но малкумина во Холивуд доживеале крајности како што е случајот со Бен Афлек. На пример, Афлек и Мет Дејмон биле најдобри пријатели од детството, а филмот „Good Will Hunting“ им донесе светска слава. Подоцна имале неколку неуспешни експерименти, но она што е сигурно е дека доживеале и подеми и падови.
Неколку години по „Good Will Hunting“, Афлек одлучил дека би било паметно да ги здружи силите со неговата тогашна девојка Џенифер Лопез во филмот „Gigli“, кој стана предмет на критики, комерцијална катастрофа и за малку ќе го претвореше Афлек во предмет на потсмев. Па така, Афлек немал добри искуства со сите, а една од нив е Сандра Булок, која иако делувала како совршена партнерка за филмот „Forces of Nature“, меѓу нив двајца постоела напнатост на филмскиот сет.
Во интервју за „Entertainment Weekly“, Афлек отворено се пожалил: „Таа не беше склона кон разговори. Ја прашав со кого оди на вечера, а таа ми одговори: „Со пријатели што не ги познаваш. Секако, јас ги познавав. Таа би била прекрасна сопруга на глув човек“.
Афлек ја сметал Булок за премногу таинствена, а таа признала дека чувствувала аверзија кон него затоа што ѝ делувал премногу наметлив.
„Кога беше со мене, ми обрнуваше толку многу внимание што се чувствував како кралица. Од друга страна, ми велеше дека ќе ме побара за вечера, а потоа не ми се јавуваше. Се прашував каде згрешив. А, доколку веднаш не одговорев на повикот, тој ми праќаше пораки за да праша зошто не се јавив“, објаснила таа.
За што станува збор во филмот „Forces of Nature“?
Бен Холмс (Бен Афлек) е едноставен и мил млад човек подготвен да се ожени. На пат кон една јужна држава за да се ожени со својата сакана Бриџит (Маура Тиерни), Бен ја запознава непредвидливата и слободоумна Сара, а неговите планови почнуваат да се распаѓаат. Авионот во кој Бен и Сара (Сандра Булок) ги делеле седиштата едвај ќе избегне хаварија, а импулсивната Сара ја презема контролата и тргнува со Бен на патување полно со неволји. Додека Бен мисли дека го чека среќа во брачниот живот, Сара патува кај нејзиниот сопруг – за да се разведе.
Филмот не успеа да ја освои публиката ниту критичарите, а не ги постигна очекуваните резултати на боксофисот. На „IMDb“ има оценка 5,5/10.