Добрата вест е дека дијагностичките опции стануваат сè подостапни – неодамна се појави брз тест што овозможува проверка на IgA антителата во крвта во домашни услови.
Нетолеранцијата на глутен може да предизвика низа непријатни симптоми, од дигестивни проблеми до замор и кожни промени. Меѓутоа, за да се утврди со сигурност дали глутенот е причина за вашите здравствени проблеми, неопходна е прецизна дијагноза. За таа цел, постојат неколку методи на тестирање – од едноставни серолошки анализи до генетско тестирање и биопсија на тенкото црево.
Серолошки тестови
Овие тестови откриваат специфични антитела во крвта, како што се анти-tTG (антитела на ткивна трансглутаминаза) и ЕМА (ендомизијални антитела). Пред неколку месеци на пазарот се појави брз тест што овозможува безболна и безбедна проверка на IgA антителата во крвта дома.
Генетско тестирање
Анализата на гените HLA-DQ2 и HLA-DQ8 може да помогне во исклучување на целијачната болест, бидејќи луѓето кои ја имаат секогаш покажуваат позитивен генетски резултат. Сепак, обратното не е точно – можно е некој да ги носи овие гени, но никогаш да не ја развие болеста.
Биопсија на тенкото црево
Доколку серолошките тестови покажат позитивен резултат, може да се изврши биопсија на тенкото црево за потврда на дијагнозата за целијачна болест.
Доколку целијачната болест се исклучи, а симптомите продолжат, можно е да станува збор за нецелијачна чувствителност на глутен или друг вид на нетолеранција на храна.