Езерото Констанца или Синото Езеро, во рамките на Националниот парк, Нелсон Лејкс на јужниот остров на Нов Зеланд, е популарна туристичка атракција меѓу планинарите, а особено во последните десет години откако неговите фотографиите станаа вирални на социјалните мрежи.
Ова глацијално езеро, окружено со планини и прекрасна природа, се карактеризира со исклучително сината боја на неговата вода. Пред десет години, научниците потврдиле дека езерото има исклучителна оптичка јасност – и видливост до 80 метри длабочина како и дека се смета за визуелно најчист извор на слатка вода што досега го забележале.
Титулата за најчисто езеро во светот го удвои бројот на посетители за релативно кратко време, меѓутоа предизвикала страв кај локалните Новозеланѓани дека тоа ќе ја загрози неговата чистота.
Тие најмногу се плашат од ширењето на микроскопската алга линдавија, која создава слуз во водата и ја заматува. Оваа алга веќе била пронајдена во новозеландските езера Ротоити, Роторуа и Тенисон, а постои голема опасност таа да се пренесе и на ова езеро.
А тоа не е толку тешко како што мислите. Имено потребна е само една капка вода што ја содржи оваа инвазивна микроскопска алга – од планинарските чизми или шише со вода – да влезе во езерото и да го загрози екосистемот.
За маорското племе Нгати Апа, кое првично го открило езерото и го нарекле Ротомаиревхенуа, или Езеро на мирни земји, има важна културна и духовна компонента – тие го сметаат за свето место кое им помага на душите на починатите да преминат на другата страна.
Поради оваа причина, влегувањето во водата е забрането. Пливањето е забрането, забрането е намокрувањето на пешкирот за да се разладите во текот на топол летен ден или пак потопувањето на „GoPro“ уредот за да направите атрактивна подводна фотографија.
Меѓутоа влезот во водата е исто така забранет за да се спречи ширење на инвазивните алги. За понатамошна заштита од оваа можност, Одделот за зачувување на Нов Зеланд, во соработка со племенската заедница Нгати Апа, поставиле станици за чистење во близина на езерото каде што е присутна линдавија.
Исто така поставиле и едукативни знаци кои бараат од планинарите да ги исчистат чизмите и опремата пред да се упатат кон Ротомаиревхенуа.