Доделувањето на наградите САГ привлече повеќе внимание отколку што очекувавме, и додека познатите ѕвезди се обидоа да бидат елегантни, една од нив изгледаше малку бизарно.
Имено актерката Даниел Дедвајлер, со својата модна комбинација на доделување на наградите воодушеви многумина, но и вчудовиди. Меѓутоа едно е сигурно, таа изгледаше уникатно.
Контроверзната убавица се појавила во црвен фустан од брендот Луј Витон. Изборот паднал на фустан од тул со многу чуден крој, па сите претпоставиле дека под фустанот се скрила некаква метална конструкција врз која тој бил прицврстен.
Новинарите дури и ја прашале дали може да седи во тој фустан.
„Не, стоиш“, одговорила Даниел.
Својот невообичаен изглед актерката го комплетирала со црвени салонки и впечатливи висечки обетки, па оправдано се најде на листата на најоригинално облечени ѕвезди на овој црвен килим. Инаку, за изработка на овој модел на фустан биле потребни 400 часа работа.
Даниел беше номинирана за најдобра споредна актерка за нејзината улога во филмот „The Piano Lesson“, но не ја освои наградата.
„Толку современ, а толку класичен“, вака стилистите го опишаа нејзиниот изглед, а изгледа дека Даниел успеала да стане главна тема и покрај тоа што не ја освои наградата.