Практично бесплатно: Едноставен трик со кој можете сами да направите домашен квасец што „трае вечно“

Точка

01/03/2025

20:39

3.588

Големина на фонт

а а а

Еден од начините на кој можете да добиете квасец дома без да одите во продавница е со помош на сурово тесто што нараснува. Откако ќе замесите тесто со квасец за пица, леб, пецива или нешто друго, одвојте едно парче со големина на топче за пинг-понг и ставете го во стаклена тегла што претходно сте ја измиле и добро исушиле, пишува „Пун кофер“.

Земете парче ткаенина, покријте ја теглата со квасецот, прицврстете со гумено ластиче и ставете ја во фрижидер. Кога ќе ви затреба квасец, прелијте го тестото со малку загреано млеко – внимавајте да биде млако, а не жешко, додајте малку шеќер и оставете го на топло место. Кога ќе нарасне, ќе добиете квасец што можете да го користите за подготовка на тесто и да го повторите процесот.


Ако секоја недела го повторувате процесот, што е и приближно времето во кое квасецот е добар за употреба, можете да го имате практично засекогаш.