[ФОТО] Со тесниот фустан ги истакна „жешките“ облини: Една од омилените пејачки горда на вишокот килограми

Точка

27/02/2025

23:21

3.551

Големина на фонт

а а а

Нели Фуртадо позираше во елегантен фустан кој ги истакна сите нејзини облини и уште еднаш го покажа нејзиниот природен изглед.

Пејачката (46) важи за една од најголемите ѕвезди на 2000-тите, а подоцна со нејзината голема трансформација предизвика лавина коментари од обожавателите.


Како што и самата истакнала, долго време се справувала со притисокот поради вишокот килограми, а потоа научила да се сака себеси.


Овој пат таа се појави во елегантен долг фустан во боја на кожа, но со црни точки кои се ширеа по нејзините облини, додека косата ѝ била врзана во елегантно опавче, а Фуртадо изгледот го комплетирала со впечатливи обетки и ланче.


Појавувањето на Фуртадо, го привлече вниманието на нејзините обожаватели ширум светот, кои ѝ порачаа дека е преубава и совршена.

Инаку овие нови фотографии доаѓаат по нејзината вирална објава во бикини која го „сруши“ Инстаграм со моќната порака која им ја испрати на сите.


„Имајте „body neutral“ 2025 година, но она што е најважно, сакајте со секоја педа од вашето срце“, напиша тогаш Нели.