Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Точка

27/02/2025

10:24

6.601

Големина на фонт

а а а

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава, објави „Santa Fe New Mexican“, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата во округот Санта Фе ги открила телата на двократниот оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче во средата попладне.


Нема сомнеж за казнено дело, а причината за смртта сè уште не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза денес ја потврди веста.

Своето филмско деби го остварил во 60-тите години

Јуџин Џин Хекман е роден на 30 јануари 1930 година во Сан Бернардино, Калифорнија. Откако неговите родители се развеле, тој се преселил во Денвил, Илиноис, каде што живеел со својата баба. На 16-годишна возраст, тој го напуштил домот и, лажејќи за својата возраст, се приклучил на Маринскиот корпус на Соединетите држави, служејќи како радио оператор четири и пол години. По неговото отпуштање во 1951 година, тој работел на различни места пред да одлучи да се посвети на актерската кариера.



Хекман бил член на „Pasadena Playhouse“ во Калифорнија, каде што го запознал Дастин Хофман. И покрај првичните критики и сомнежите за нивниот успех, и двајцата се преселиле во Њујорк за да се занимаваат со актерска кариера. Хекмен започнал со помали улоги на телевизија и театар, а своето филмско деби го остварил во 1964 година во филмот „Лилит“. Својот прв значаен успех го постигнал со улогата на Бак Бароу во филмот „Бони и Клајд“ (1967), а за оваа улога беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога.


Доби два Оскари

Во 1972 година, Хекмен ја освои наградата Оскар за најдобар актер за неговата улога како детективот Џими Попај Дојл во „The French Connection“.


За време на неговата кариера, тој се здоби со уште еден Оскар за најдобра споредна машка улога за улогата на Малиот Бил Дагет во „Unforgiven“ (1992).


Тој е познат и по улогата на Лекс Лутор во филмот Супермен (1978) и неговите продолженија. Хекмен глумел во повеќе од 80 филмови, вклучувајќи ги „The Conversation“ (1974) и  „Mississipy Burning“ (1988).



Покрај актерството, Хекмен бил писател и има објавено неколку романи, вклучувајќи ги „Wake of the Perdido Star“ (1999) и „Pursuit“ (2013). Тој се повлече од актерството во 2004 година, а во последните години живеел повлечен живот во Ново Мексико и е посветил на пишувањето и сликањето.