Телото на мексиканскиот спортист Гришал Диснер е пронајдено во тоалетот на едно кафуле – се сомнева на самоубиство …
Тажни вести пристигнуваат од Мексико. Познатиот мексикански спортист и бодибилдер Гришал Диснер (23) е пронајден мртов во тоалетот на едно кафуле во Мексико Сити. Според информациите од локалните медиуми, тој во еден момент се оддалечил, отишол во тоалет, а потоа се слушнале два истрела.
Како што пренесуваат мексиканските медиуми, Диснер бил во видно алкохолизирана состојба кога пристигнал во кафулето. Во еден момент отишол до тоалетот, а веднаш по истрелите, сите гости панично почнале да бегаат. Наскоро била повикана полицијата и итната медицинска помош, но лекарите само можеле да ја констатираат смртта.
Случајот предизвикува сомнежи
Истражните органи ќе спроведат детална истрага, но првичните информации укажуваат на самоубиство. На телото биле пронајдени прострелни рани во стомакот и главата.
Дополнително, се наведува дека Диснер влегол во кафулето вооружен, што дополнително отвора прашања околу овој трагичен настан. Засега случајот се води како самоубиство, но многумина се сомневаат во таа верзија, особено поради фактот дека има две прострелни рани во различни делови од телото.
Гришал Диснер бил син на Хорхе Диснер, командант во одделот за убиства во канцеларијата на окружниот обвинител на Мексико Сити.