Анчелоти со две важни отсуства пред полуфиналето во Копа дел Реј, Мбапе подлегнал на рутинска операција

Дерби

25/02/2025

12:55

1.095

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид утре го игра првото полуфинале против Реал Сосиедад во Копа дел Реј, а пред да дојде ред обраќањето на Карло Анчелоти, угледните мадридски медиуми известија дека Италијанецот ќе има две важни отсуства во Сан Себастијан.

Феде Валверде играше под инјекции на натпреварот против Манчестер Сити и поради тоа го пропушти натпреварот против Џирона изминатиот викенд, но планот е Уругваецот да биде поштеден и на првото полуфинале со Реал Сосиедад, поради што не излегол да тренира на денешниот последен тренинг пред експедицијата да отпатува за Баскија.

Дел од денешниот тренинг на Реал не бил и Килијан Мбапе, а причина за тоа е рутинска операција на заб на која подлегнал Французинот.

Според најавите, Мбапе исто така ќе го прескокне утрешниот меч поради препорака на лекарите да одмори неколку дена, па за очекување е и двајцата да бидат способни за настап за следниот меч во Ла Лига, оној против Бетис.

Последната информација е дека денешниот тренинг го прескокнал и Тибо Куртоа, но тоа се должи на нова поштеда пред згуснатиот период, што секако е уште една безболна ситуација кога се знае дека Лунин е голманот кој брани за Реал во Копа дел Реј.