Мората ги опиша со неколку зборови сите клубови за кои играше во кариерата, еден посебно се издвојува

Дерби

25/02/2025

13:50

1.101

Големина на фонт

а а а

Алваро Мората замина од Италија и направи трансфер во Турција во зимскиот преоден рок, а тоа беше добра причина за „Марка“ да направи ексклузивно интервју со капитенот на шпанската фудбалска репрезентација.

Искусниот напаѓач се задржа само неколку месеци во Милан откако почувствува дека не се вклопи најдобро во клубот, нешто на што претходеше неочекувано заминување од Атлетико Мадрид, клуб кој дефинитивно има посебно место во неговото срце.

Во разговорот со „Марка“, Мората доби за задача со неколку зборови да ги опише сите клубови за кои настапуваше во кариерата, а посебно впечатливо е неговото обраќање за Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид – Димензија и моќ

Јувентус – Семејна атмосфера, голема фирма и голем клуб. Извонредни работници

Челси – Ќе ја паметам Премиер лигата и Англија. Не можам да кажам многу, бидејќи таму бев многу кратко

Атлетико – Навивачите се на прво место, а потоа корените и историјата на клубот. Начинот на кој се чувствува животот. Може да поминат 100 години, а во Атлетико секогаш ќе го има истиот ентузијазам. Филозофијата на Атлетико им ја посочувам како јасен пример за животот на моите деца. Работиш напорно секој ден со истата страст, само така ќе дојде ден кога ќе бидете победници

Милан – Многу голем клуб со богата историја, со луѓе работници кои се навистина блиски со играчите

Галатасарај – Засега се издвојуваа навивачите кои се неверојатни, како и односот на вработените кон играчите како личности