Фудбалер кој беше во затвор поради свирепо убиство направи магија на теренот! Неверојатна сцена: Судијата му пријде и му подаде рака!

Точка

25/02/2025

14:12

1.886

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот Чилеанец Лучано Кабрал изведе спектакуларен потег на натпреварот од аргентинската Примера помеѓу Индепендиенте и Институто.

Индепендиенте славеше со 2:0, но токму потегот на Кабрал ги остави без зборови фудбалските фанови ширум светот.

Кабрал на генијален начин ја пропушти топката низ нозете на противничкиот играч, а таа стигна до Алваро Ангуло, кој без проблем ја испрати во мрежата.


По ова следеше неверојатна сцена – главниот судија на натпреварот му пријде на Кабрал и му подаде рака во знак на почит. Фудбалерот климна со главата и продолжи со прославата заедно со соиграчите.

Осуден убиец

Не секој има привилегија во животот по голема грешка да добие втора шанса, но Лучано Кабрал, кој го упропасти својот живот во 2017 година, доби нова можност и реши да ја искористи.

Кабрал беше перспективен фудбалер кој настапуваше за Аргентинос Јуниорс кога заврши во затвор, а подоцна беше осуден на девет години затворска казна.

На дочекот на 2017 година, заедно со својот татко, до смрт го претепале Хоан Ариел Виљегас, кој на 1 јануари 2017 година бил пронајден мртов на улица.

Жртвата имала видливи траги на насилство, а неколку часа по пронаоѓањето на телото биле уапсени таткото на Лучано, негов роднина и уште еден малолетник.


Меѓутоа, еден од очевидците сведочел дека на местото на убиството го видел и фудбалерот.

Кабрал го негираше учеството, но истрагата откри траги од крв на неговата патика, што значеше дека немаше одбрана што можеше да го спаси.


„Јас не го убив вашиот син, ви се колнам“, им порачал Кабрал на родителите на убиениот млад човек.

Неговиот татко ја презел целата одговорност за убиството и бил осуден на 18 години затвор, роднината добил осум години, а Кабрал девет и пол години.


Не ја одлежа целосната казна – по половината од затворската казна бил помилуван поради добро однесување. Излезе на слобода и му се врати на фудбалот.

Настапуваше во Чиле и Мексико, а на почетокот на 2024 година се врати во Аргентина и потпиша договор со Индепендиенте.