За корисниците на "Gmail": "Google" го менува системот за заштита – што значи тоа за корисниците во Македонија?

Точка

25/02/2025

18:15

3.944

Големина на фонт

а а а

"Google" планира да ја укине "SMS" верификацијата за "Gmail" профилите и да воведе нов систем базиран на "QR"-кодови, што ќе ја подобри безбедноста и ќе го олесни процесот на најавување. Оваа промена значи подобра заштита од измами и намалена зависност од мобилните оператори.

"Google" целосно ја укинува "SMS" верификацијата

"Google" донесе одлука да го промени начинот на верификација на корисничките сметки во "Gmail", со што ќе се укине користењето на "SMS" пораки за потврда на идентитетот. Ова означува крај на една од најпознатите безбедносни методи што со години беше главна заштита за милиони корисници ширум светот.

„Иако "SMS" верификацијата долго време беше корисен алат за заштита на налозите, сфативме дека постојат подобри решенија. Нашата иднина е во методи што не зависат од застарени технологии како лозинки и "SMS" пораки“, изјави Ришендорфер, портпарол на "Gmail", истакнувајќи дека целта на оваа промена е да се направи системот побезбеден и поефикасен.


Зошто "Google" ја менува верификацијата?

Досега, "SMS" верификацијата служеше како дополнителна заштита, користена за потврда на идентитетот при најавување од нов уред или како превентивна мерка за спречување на сајбер-напади.

Но, експертите во "Google" сметаат дека е време за понови и посигурни решенија, бидејќи "SMS" верификацијата има повеќе безбедносни слабости.


Опасностите од "SMS" верификацијата

Според Кимберли Самра од "Google", "SMS" верификацијата станала небезбедна, бидејќи сајбер-криминалците лесно можат да ги пресретнат или украдат овие кодови. Дополнително, не сите корисници имаат постојан пристап до мобилна мрежа во моментот кога треба да се најават, што може да предизвика проблеми.

Најголем ризик е тоа што измамниците можат да манипулираат со системите за испраќање "SMS", профитирајќи од секој обид за верификација.


"QR"-кодовите – нова и побезбедна алтернатива

Наместо рачно внесување шестцифрени кодови од "SMS" пораки, "Google" воведува "QR"-кодови како нова, побезбедна алтернатива.

Со овој нов систем, корисниците ќе можат да скенираат "QR"-код со својот телефон, наместо да чекаат 'SMS" порака која може да биде пресретната.

Овој метод е многу потешко да се манипулира и значително ја намалува зависноста од мобилните оператори и нивните безбедносни слабости.


Што значи ова за корисниците во Македонија?

За "Gmail" корисниците во Македонија, ова ќе донесе значајни промени, но и големи придобивки.

Иако префрлањето од "SMS" на "QR"-кодови можеби ќе изгледа збунувачки за оние што се навикнати на досегашниот систем, новата метода всушност ќе го олесни процесот на најавување – правејќи го побрз, поедноставен и побезбеден.

Без потреба од внесување кодови, ќе биде доволно само да ја насочите камерата на телефонот кон екранот и да ја потврдите најавата.

Овој нов систем ќе донесе повеќе безбедност и поголема практичност за сите "Gmail" корисници.