Илон Маск го доби 14. дете, син со име Селдон Ликургус

Точка

01/03/2025

11:16

1.477

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на "Tesla" и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, милијардерот Илон Маск, доби уште еден син – своето 14-то дете.

Маск го доби синот со Шивон Зилис, извршна директорка во неговата компанија „Neuralink“, со која веќе има три деца, пренесе "Reuters".

„Разговаравме со Илон и, во светлината на прекрасната роденденска прослава на Аркадија, сметавме дека е најдобро директно да ја споделиме веста за нашиот прекрасен и неверојатен син, Селдон Ликургус“, напиша Зилис на X (поранешен Твитер).

Маск одговори на нејзината објава со емотикон срце.

Зилис ја објави оваа вест само две недели откако инфлуенсерката Ешли Сент Клер откри дека неодамна исто така добила дете со Маск.