[ФОТО] Корсет, долна облека и деколте: Ријана позира во провокативни комбинации за насловната страница на Харпер’с Базар

Точка

25/02/2025

13:52

1.209

Големина на фонт

а а а

Ријана е ѕвезда на насловната страница на новиот број на американското издание на магазинот Харпер’с Базар, а за таа прилика позираше во неколку различни провокативни комбинации.

На самата насловна страница Ријана позираше во црн фустан, а другите изданија вклучуваат златен корсет, црно боди и фустан со реси.


Сите парчиња кои ги носеше се дел од колекциите на модната куќа Диор, а пејачката неодамна стана заштитно лице на нивниот парфем.

Во насловната страница на мартовското издание на списанието, 37-годишната пејачка и претприемач ги сподели своите размислувања за различни лични теми, вклучувајќи го и нејзиниот долгоочекуван албум, воспитувањето на нејзините деца со партнерот Ејсап Роки и нејзината растечка деловна империја.


„Секогаш само си мислев: Не, тоа не сум јас. Не е во ред. Не одговара на мојот раст. Не се совпаѓа со мојата еволуција. Не можам да го направам ова. Не можам да се справам со ова. Не можам да го правам ова за една година на турнеја. По некое време, погледнав и си помислив дека волку време далеку од музиката треба да се смета за следното нешто што сите ќе го слушнат. Мора да е важно. Морам да им покажам колку вреди да се чека. Не можам да објавам ништо просечно. По осум години чекање, можете да почекате уште малку“, рекла таа за долгоочекуваниот претстоен албум.

Пејачката се осврнаla и на нејзината улога како мајка и воспитувањето на своите два сина со Ејсап Роки.

“Секоја одлука што ја носам се врти околу нив, но сè што правам и сакам ме краде од нив. Затоа имам чудна огорченост кон работите што ги сакам”, признала таа.

Таа, исто така, со задоволство зборуваше за Ејсап Роки како татко, признавајќи: „Тоа ме нервира затоа што понекогаш моите синови едноставно живеат повеќе за него отколку за мене“.