Студијата покажа: Доколку го правите ова само 5 минути дневно, ќе го намалите ризикот од деменција за 41%

Точка

25/02/2025

09:18

1.965

Големина на фонт

а а а

Деменцијата е растечки глобален здравствен проблем, а бројот на заболени постојано се зголемува. Според една студија од 2024 година, 120 милиони луѓе во моментов страдаат од когнитивно опаѓање и Алцхајмерова болест, а оваа бројка се очекува да достигне 150 милиони до 2030 година и 190 милиони до 2050 година.

 За среќа, истражувањата покажуваат дека одредени животни навики можат да го намалат ризикот од развој на деменција, а една од клучните мерки е физичката активност.

Новото истражување на „Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health“ покажало дека само 35 минути неделна физичка активност – или пет минути дневно – може да го намали ризикот од деменција во просек за 41%. Ова важи без оглед на возраста или нивото на силата, па дури и постарите и послабите луѓе можат да имаат корист од лесните активности како прошетки или пливање.


„Зголемувањето на физичката активност, дури и само пет минути дневно, може да го намали ризикот од деменција“

Студијата открила дека ризикот дополнително се намалува со зголемувањето на времето за вежбање. Учесниците кои вежбале од 35 до 69,9 минути неделно (пет до десет минути дневно) имале 60 отсто намалување на ризикот, додека оние кои вежбале 70 до 140 минути неделно (10-20 минути дневно) имале 63 отсто намалување на ризикот.


„Нашите наоди сугерираат дека зголемувањето на физичката активност, дури и само пет минути дневно, може да го намали ризикот од деменција кај постарите возрасни лица“, изјави авторот на студијата д-р. Амал Ванигатунга за „Parade“.

Ова истражување дополнително потврдува дека секоја физичка активност, без разлика колку е мала, е подобра од никаква, особено кога се работи за болест за која моментално не постои лек.