Наскоро откако "Tesla Cybertruck" освои пет ѕвезди за безбедност, компанијата објави промотивно видео.
Tesla сподели „behind the scenes“ снимки од внатрешните безбедносни тестови, спроведени во нивната "Crash Lab" лабораторија. Видеото прикажува сеопфатен пристап кон активната и пасивната безбедност, со цел патниците да останат заштитени во сите можни сценарија.
Како "Cybertruck" помина на тестовите?
Безбедноста на "Cybertruck" досега ја тестираше само американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), која му додели пет ѕвезди.
Иако ги положи сите тестови, не ги освои сите со максимална оценка. Конкретно, "Cybertruck" доби по една ѕвезда помалку во тестот за превртување, како и во фронталниот судар, кој симулира судир на две слични возила при брзина од 56 km/h.
Тестирањата се изведени врз "Cyberbeast" верзијата, и тоа во декември минатата година.
Детали од тестовите
Според деталниот извештај, тестот за фронтален удар во бариера покажал дека:
• Ветробранското стакло останало 100% на своето место, без никакви оштетувања во заштитената зона.
• Возачките и совозачките врати останале затворени при сударот и можеле да се отворат по него.
• Возачките и совозачките воздушни перничиња за колена не се активирале, што според "Tesla" било намерно во оваа специфична тестна конфигурација.
• Предните воздушни перничиња сепак се активирале за дополнителна заштита на возачот и совозачот.
Во тестот за страничен удар со крута бариера во форма на столб, немало значајни откритија, а страничните воздушни перничиња се активирале според очекувањата.
Исто така, тестот за страничен судир со подвижна деформабилна препрека не покажал ништо невообичаено.
"Cybertruck" против конкуренцијата
"Tesla" е без сомнение задоволна од резултатите, но вреди да се напомене дека "Cybertruck" не е единствениот електричен пикап со пет ѕвезди – "Ford F-150 Lightning" исто така ја има највисоката безбедносна оцена.
И за крај, цената на "Cyberbeast" верзијата е дури 99.990 долари.