Мишел Фајфер објави фотографија со својот сопруг: Тие се запознале на состанок „на слепо“

Макфакс

22/02/2025

09:47

1.022

Големина на фонт

а а а

Актерката Мишел Фајфер (66) не објавува често детали од приватниот живот, но сега ги воодушеви сите обожаватели со нова фотографија на која позира со својот сопруг, продуцентот Дејвид Е.Кели (68).

„Валентајн викенд“, напиша таа во описот и доби бројни коментари од обожавателите кои се восхитуваа на нивната „хармонична врска“, која трае со години.


Нивната љубовна приказна започнала во 1993 година, кога најдобрата пријателка на Мишел ги убедила да се сретнат на состанок на слепо. Иако на првиот состанок не разговарале многу, Дејвид ја поканил на кино една недела подоцна. И покрај тоа што не се допаднаа веднаш, врската се разви со текот на времето и доведе до брак кој трае повеќе од три децении.

Тие се венчаа по само 10 месеци врска, а истиот ден ја крстија и посвоената ќерка Клаудија Роуз. Девет месеци по нивната венчавка, тие го добија синот Џон Хенри.


Нејзините обожаватели често истакнуваат дека актерката изгледа одлично за своите години, а таа еднаш објасни како го постигнува тоа, велејќи дека е многу едноставно. Таа претходно за Дејли Мејл откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.