Ситкомот „Malcolm in the Middle“ годинава ќе добие продолжение, а Џастин Берфилд, кој го играше постариот брат на Малколм, Рис, откри дека актерската екипа од серијата наскоро ќе се собере на повторно дружење.
Воодушевен од повторното обединување, неодамна одлучи веста за тоа да ја сподели на својот „Instagram“ профил. Сепак, не е јасно дали тој ќе ја повтори својата улога во продолжението на серијата, кое беше објавено уште во декември 2024 година.
„На пат да се дружам со семејството „Malcolm in the Middle“. Се гледаме наскоро“, напиша Џастин покрај фотографијата со Рис како исплашено вози автомобил.
Продолжил да продуцира и режира, а потоа се повлекол
Џастин има бројни актерски квалитети, а оваа улога му донела номинација за „Young Artist Awards“ за најдобра изведба во ТВ серија. По Малком тој продолжил да продуцира, па дури и го режирал телевизискиот филм „The Pet Detective“.
Неговото најголемо достигнување зад камерата било продуцирањето на ситкомот „Sons of Tucson“ за „Fox“, кој дебитирал во 2010 година. И самиот глумел во една епизода, но тоа воедно била неговата последна улога пред камера, а серијата траела само една сезона од 13 епизоди.
Добил ќерка
Поранешниот актер не бил пред камера повеќе од 20 години, а во меѓувреме се ожени и стана татко. На Инстаграм сè уште се претставува како актер, но и татко кој често објавува фотографии со својата ќерка. Сепак, деталите од приватниот живот ги крие од јавноста.
Можноста за негово враќање на актерството воодушеви многу фанови.
За потсетување, Френки Мјуниз (Малколм), Џејн Казмарек (Лоис) и Брајан Кренстон (Хал) ги потврдија своите улоги.
Продолжението ќе добие 4 епизоди нарачани од Disney+. Датумот на емитување на новите епизоди сѐ уште не е одреден. Во новите епизоди, Малком и неговата ќерка повторно ќе бидат вовлечени во семеен хаос кога Хал и Лоис ќе го поканат на прославата на нивната 40-годишнина од бракот.