Рафаел Толои заработи црвен картон поради насилно однесување, но ваквиот испад е уште поголем срам за лидерот на тимот.
Првиот ден од реваншите во Лигата на шампионите донесе многу возбуда и неколку моменти кои ќе останат запаметени. Најголемиот шок беше победата на Клуб Бриж против Аталанта со убедливи 1-3. Белгискиот тим така обезбеди пласман понатаму со вкупни 5-2, додека тимот од Бергамо остана фокусиран само на Серија А.
Кобен за домаќините беше Чемсдине Талби, кој постигна голови во 3. и 27. минута, целосно менувајќи го текот на натпреварот, во кој Аталанта имаше потреба од само еден гол за израмнување. До крајот на првото полувреме, Феран Јутла постигна уште еден гол, со што италијанскиот тим се најде во огромен негатива од четири погодоци.
Иако изгледаше дека Аталанта ја загуби шансата, Адемола Лукман уште во првата минута од второто полувреме постигна гол и им даде малку надеж. Сепак, 15 минути подоцна стана трагичар на тимот откако противничкиот голман му одбрани пенал. Овој развој на настаните внесе нервоза во редовите на домаќините, а тоа најмногу се забележа кај капитенот Рафаел Толои, кој доби црвен картон.
При изведување аут, противничкиот играч се судри со него и го оттурна. Наместо да остане смирен, Толои се обиде да го погоди со топката, но се сопна од сопствените нозе и падна на тревникот. Веднаш стана и почна да го брка играчот низ теренот, се залета во него со гради и двајцата уште еднаш паднаа на тревата.
Толои беше исклучен поради насилно однесување, но вакоиот испад е голем срам за капитенот на тимот.
Инцидентот можете да го погледнете во 12-тата минута од приложното видео: