Инстаграм тестира копче „не ми се допаѓа“: Еве кога и каде можете да го користите, што претставува и дали ќе биде видливо дека сте го користеле

Точка

17/02/2025

09:23

2.841

Големина на фонт

а а а

Рангирањето на коментарите што ги гледате ќе се базира на бројот на „лајкови“ и „не ми се допаѓа“.

Инстаграм воведе копче „не ми се допаѓа“ на својата платформа. Оваа нова функција се однесува исклучиво на коментари, и некои корисници веќе можат да ја испробаат. Меѓутоа, не сите – функцијата се уште е во фаза на тестирање.


Со новото копче, популарната платформа сака да им овозможи на корисниците да изразат негативно мислење за одредени коментари под објавите. Во зависност од бројот на „лајкови“ и „не ми се допаѓа“, коментарите ќе бидат рангирани повисоко или пониско.

Дали другите ќе можат да видат кога го користите копчето „не ми се допаѓа“?


Иако ова ќе влијае на рангирањето, Instagram нема да го прикажува бројот на „дислајкови“ и нема да ги извести другите корисници кога сте го притиснале копчето.

Извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, објасни како ќе функционира новата функција: „Сакам да бидам јасен – ова е тест, бројот на „не ми се допаѓа“ не се прикажува, ниту некој ќе знае кога го притискате копчето.“


Идејата зад копчето „не ми се допаѓа“ е да се подобри квалитетот на коментарите на платформата.

„Се надеваме дека ова ќе помогне да се направат коментарите на Инстаграм попријателски“, вели Адам Мосери.