Истражувањата покажаа: Ова се двата знаци на деменција кои се појавуваат додека пазарувате

Точка

08/02/2025

14:40

2.819

Големина на фонт

а а а

Деменцијата е збир на симптоми поврзани со прогресивно опаѓање на функциите на мозокот. Ова може да доведе до знаци како што се губење на меморијата, промени во однесувањето и проблеми со говорот и јазикот.

Според експертите од Здружението за Алцхајмерова болест, деменцијата може да предизвика и погрешни перцепции и идентификации.

Ова значи дека личноста може нешто да види како нешто друго – или да замени една личност за друга. Постојат повеќе причини поради кои тоа може да се случи.

Како пример, експертите наведуваат дека едно лице може да го замени далечински управувач со мобилен телефон затоа што:

Визуелниот систем не функционира правилно па затоа не може јасно да го види (погрешна перцепција).


Јасно гледа дека се работи за далечински управувач, но поради оштетување на мозокот погрешно го препознава како мобилен телефон (погрешна идентификација).

„Лицето со деменција може да има и визуелно-просторни тешкотии, што значи дека мозокот не успева правилно да ги обработи информациите за тродимензионалните објекти. Ова може да влијае на свеста за просторот и способноста да се процени оддалеченоста. Лицето може да има тешкотии при користењето на скалите, паркирањето на автомобилот или препознавањето на предметите“, истакнуваат експертите од Здружението за Алцхајмерова болест, пренесува „Дејли експрес“.

Погрешните перцепции и погрешните идентификации стануваат почести со возраста, бидејќи видот природно се влошува. Ова може да доведе до проблеми во текот на купувањето.

Според Здружението за Алцхајмерова болест, луѓето со деменција може:

• Да се обидат да користат, на пример, автобуски билет како платежна картичка.

• Да не ги користат правилните бакноти при плаќањето.

„Некои погрешни перцепции и погрешни идентификации може да доведат до тоа личноста со деменција да направи грешки при користењето на предмети“, објаснуваат од организацијата.

Другите знаци на деменција вклучуваат:


• Губење на меморијата;

• Тешкотии со концентрацијата;

• Тешкотии во водењето разговор или пронаоѓањето на вистинските зборови;

• Збунетост во врска со времето и местото;

• Промени во расположението.

Ако ние или некој што го познаваме ги покажува овие симптоми, треба да се обратиме кај лекар.