Новиот електричен автомобил на „Volkswagen“ ќе се продава за само 20.000 евра

Точка

06/02/2025

13:06

9.317

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ најави нов модел на мал електричен автомобил погоден за град кој ќе се продава по пристапна цена од 20.000 евра.

На видеото објавено од компанијата се гледаат регистарски таблички со ознака „ID. One“, па се претпоставува дека така ќе се вика новиот модел, иако тоа сè уште не е официјално потврдено, пренесува порталот „Top Gear“.

Дополнителни информации за ова возило ќе бидат презентирани на почетокот на март.


Извршниот директор на „Volkswagen Passenger Cars“, Томас Шефер, рече дека тоа е „достапен, висококвалитетен, профитабилен електричен V"olkswagen“ од Европа за Европа“, додавајќи дека тоа е „Лига на шампиони за производство на автомобили“.

Како што е соопштено, „Volkswagen“ планира прво да го претстави моделот „ID. 2“ во 2026 година и неговата цена ќе биде околу 25.000 евра, додека уште попристапниот „ID. One“ се очекува на пазарот во 2027 година.


Побарувачката за автомобили во Европската унија моментално бавно расте, додека побарувачката за електрични автомобили дури и се намалува.

Ако ги анализираме податоците за цела 2024 година, ќе заклучиме дека бројот на регистрации на нови автомобили во Европската унија се зголемил за 0,8 отсто на годишно ниво на приближно 10,6 милиони возила, според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) на нејзината веб-страница.


Минатата година во Европската унија се регистрирани 1.447.934 нови електрични возила со батерии, што е за 5,9 отсто помалку од 2023 година, додава гореспоменатата организација, пренесува „Танјуг“.