Најновиот електричен автомобил од брендот "Hongqi" е компактен седан со слични димензии како "Hyundai Ioniq 6".
Автомобилот познат како "Tiangong 05" е дел од новата серија модели на "Hongqi", која вклучува и "SUV" со кодно име 08.
Овој автомобил првпат беше претставен како концепт минатата година, а серискиот модел изгледа „изненадувачки елегантно“, пишува специјализираната веб-страница "CarScoops".
Малку е веројатно дека моделот некогаш ќе се продава надвор од Азија, но со оглед на тоа што Кина е најголемиот пазар на автомобили во светот, "Hongqi" има многу клиенти на пазарот на кои може да им го пласира 05.
Напред има пар остри "LED" светла, кои не се различни од оние на популарниот модел "MG4". По должината на центарот на хаубата се наоѓа вообичаениот симбол на "Hongqi" со „црвено знаме“, а други значајни карактеристики вклучуваат рачки на вратите поставени на рамна површина и заоблени "LED" задни светла.
Во неговото јадро е платформата "Tiangong" на "Hongqi", која користи батерии добиени од "CATL" со најмалку две различни опции.
Иако компанијата не ги објави капацитетите на батериите, познато е дека основниот модел има досег од 550 километри (CLTC), а помоќната варијанта има досег од дури 750 километри. Автомобилот се придвижува од еден електромотор со моќност од 281 коњски сили.
"Hongqi", кој е во сопственост на групацијата "FAW", допрва треба да објави официјални фотографии од внатрешноста, а деталите за цените не се познати – иако, знаејќи ги Кинезите, овој модел ќе биде многу поевтин во Кина отколку во Европа или САД.