Крај! Обожуваниот "Ford" заминува во историјата

Точка

07/03/2025

13:13

5.399

Големина на фонт

а а а

"Ford" продолжува со повлекување на своите легендарни модели од европскиот пазар – по "Mondeo" и "Fiesta", кои заминаа во историјата во 2022 и 2023 година, сега дојде редот и на "Focus".

Според официјалната изјава на Фин Томазеа, менаџер за комуникации на "Ford Europe", производството на "Focus" ќе биде официјално прекинато во ноември оваа година, а она што ги разочара многумина е фактот што нема планови за негов директен наследник.

Сè уште е можно да се нарача "Ford Focus" со сакани спецификации, но како што се приближува крајот на производството во фабриката во Германија, прашање на време е кога ќе се затворат порачките. Потоа, купувачите ќе бидат ограничени на возилата што останат на лагер.


Крај на една ера

Заминувањето на Focus означува крај на една ера за "Ford" во Европа. Од својата прва генерација во 1998 година, овој модел имаше клучна улога во понудата на брендот, наследувајќи ја легендарната "Escort" линија.

Гасењето на овој модел значи дека ентузијастите остануваат без еден од последните „hot hatch“ модели со рачен менувач – "Focus ST". Ford нудеше и попрактична караванска верзија, како и дизел опција, но сите тие сега заминуваат во историјата.

Конкуренцијата ја презема сцената

Оваа одлука на "Ford" отвора простор за конкуренцијата, пред сè за "Volkswagen" групацијата, која продолжува со производство на "VW Golf", "Škoda Octavia", "Seat Leon" и "Audi A3". Исто така, "Toyota Corolla" останува во игра, дополнително зголемувајќи го изборот за купувачите.

Извршниот директор на "Ford", Џим Фарли, во едно интервју призна дека "Fiesta" и "Mondeo" беа омилени меѓу купувачите, но дека компанијата не остваруваше доволна профитабилност за да ги оправда понатамошните инвестиции во овие модели.


"Ford" ја менува својата стратегија

Сега "Ford" се фокусира на модели како "Bronco", "Tremor", "Raptor" и "Mustang", со стратегија да стане „Porsche" за теренски возила“, според информациите на "Motor1".

Со оваа одлука, "Ford" практично ја остава Европа без класични модели, повторувајќи ја стратегијата што ја применува во САД веќе неколку години. "Fiesta", "Focus", "Fusion" и "Taurus" одамна се повлечени од американскиот пазар, а единствениот преостанат модел е "Mustang" – кој, иако легенда, не може сам да ги одржи продажните резултати.