Издржа 28 години: "Mazda" има ново лого

Точка

31/01/2025

13:02

2.328

Големина на фонт

а а а

"Mazda" ги следи и естетските трендови кои ја зафатија автомобилската индустрија во последните години.

Погодувате, зборуваме за логото, кое бројни автомобилски марки решија да го приспособат на новата, дигитална ера и со тоа дополнително да го поедностават. Така, "Mazda" одлучи да ја замени тродимензионалната форма со дводимензионална, но задржувајќи ја во голема мера истата форма.

По поблиска анализа, можно е да се види дека крилата на галебот го изгубиле свиткувањето во средината, а заобленоста е заменета со остри рабови.


Наместо засенчување за тродимензионалниот впечаток, "Mazda" избра црна боја за целиот амблем. Ова го прави дизајнот погоден за употреба на паметни телефони и друга опрема со дигитални екрани.

Иако ова лето беше откриена првата употреба на новото лого, "Mazda" сè уште не ја потврди промената. "Mazda" потоа го заштити во Јапонскиот завод за патенти. Сепак, бројни јапонски медиуми, меѓу кои и "Nikkei", потврдуваат дека се работи за веродостојни информации и дека "Mazda" е во процес на воведување ново лого.


За сите оние кои сè уште го претпочитаат сегашниот изглед на логото, останува надежта дека двете верзии на амблемот ќе постојат уште некое време, во зависност од позицијата на неговата примена.

Како би можело да изгледа новото лого беше прикажано во концептот "Arat", кој делумно го поедностави логото. "Mazda" е најновото дополнување на листата на производители кои одлучија да ги поедностават своите логоа. Меѓу нив се "VW," "Audi", "Mini", "BMW", "Volvo", "Lotus", "Citroen", "Renault", "Nissan", "Ford", "Buick", "Lancia", "Lamborghini", "Aston Martin", "Geely" и "Jaguar".