Кваките на вратите на возилата што се извлекуваат се елегантно, но и ризично решение.
Кваките кои автоматски се повлекуваат во вратите на автомобилот додека возите станаа популарно решение во автомобилската индустрија. Тие изгледаат елегантно и придонесуваат за заштеда на гориво благодарение на подобрите аеродинамични својства.
"Tesla" го започна овој тренд, а европските премиум производители исто така го прифатија и на некои модели поставуваат кваки што се извлекуваат.
Многу производители користат електрични мотори кои автоматски ги извлекуваат кваките. Меѓутоа, ако дојде до прекин на струја по сообраќајна несреќа, кваките може да останат повлечени, што може да го отежне влезот на службите за итни случаи во автомобилот, велат од Германскиот автомобилски клуб (ADAC).
Во пракса, имаше случаи кога овој проблем беше фатален. На пример, во 2019 година, американско семејство ја тужеше "Tesla" затоа што автомобилот на татко на пет деца изгоре и рачките не можеа да се извлечат. Итната помош не успеала да ја ослободи жртвата, а возачот починал.
Кај некои возила, вратите може да се отворат и електронски однатре со притискање на копче. И во овој случај, треба да биде можно брзо да се отвори автомобилот без струја во итни ситуации.
Според "ADAC", сопствениците на автомобили со електрични рачки треба да се запознаат со опциите за итно отклучување опишани во прирачникот за возилото, како и да ги покажат овие опции на другите патници.
Може да биде корисен таканаречен чекан за итни случаи. Но, и со него, безбедното излегување од возилото не е загарантирано, бидејќи таквите чекани понекогаш не можат да го скршат ламинираното стакло кое често се поставува во модерните автомобили за топлинска и подобра звучна изолација.