Какво фијаско: Потрошија многу пари за развој на автомобил што никој не сакаше да го купи

Точка

02/02/2025

16:24

5.928

Големина на фонт

а а а

"Ford" инвестираше неверојатни 250 милиони долари во развојот на "Edsel", што беше огромна сума во тоа време.

Кога "Ford" одлучи во доцните 1950-ти да лансира нов модел кој ќе ја пополни пазарната празнина помеѓу неговите стандардни автомобили и луксузниот "Lincoln", очекувањата беа големи.

Сепак, она што требаше да биде револуционерно возило стана еден од најголемите комерцијални неуспеси во историјата на автомобилските лансирања. "Ford Edsel" е запаметен како синоним за лоши проценки на пазарот, неуспешен дизајн и маркетиншка катастрофа. "Ford" инвестираше неверојатни 250 милиони долари во развојот на "Edsel", што беше огромна сума во тоа време.

Целта беше да се создаде автомобил од средна класа кој ќе се вклопи помеѓу стандардните модели на "Ford" и "Lincoln", нудејќи напредни карактеристики и иновативен дизајн. Моделот е именуван по Едсел Форд, син на основачот на компанијата Хенри Форд.


Лош дизајн и проблематично производство

Една од најголемите контроверзи околу "Edsel" беше неговата необична предна решетка. Наместо класичната решетка, автомобилот имаше вертикален овален отвор, кој многумина потсетуваше на тоалетна школка, што веднаш стана предмет на потсмев.

Покрај тоа, производството беше проблематично – деловите често беа слабо склопени, а квалитетот не беше на очекуваното ниво.

"Ford" започна агресивна маркетинг кампања, но наместо да привлече клиенти, тоа предизвика конфузија.

Беше најавуван како „автомобил на иднината“, но кога конечно беше претставен на 4 септември 1957 година, јавноста беше разочарана.


Згора на тоа, "Edsel" пристигна на пазарот за време на економска рецесија, кога купувачите беа претпазливи околу трошењето. Високата цена уште повеќе ја отежна продажбата.

И покрај големите очекувања, продажбата беше катастрофална. Во текот на првата година беа продадени само околу 64.000 примероци, што беше далеку под планираните бројки. До крајот на 1959 година, продажбата падна на само 2.800 возила.

"Ford" во ноември 1959 година објави дека го прекинува производството, а последниот "Edsel" излезе од производната лента на почетокот на 1960 година.