"KIA" неодамна објави дека нејзиниот модел EV3" е прогласен за победник во категоријата компактен "SUV" на наградите за женски светски автомобил на годината за 2025 година (WWCOTY).
Жирито составено од 82 автомобилски новинарки од 55 земји на пет континенти го оцени "Kia EV3" според критериумите – безбедност, квалитет, цена, дизајн, леснотија на возење, перформанси и влијание врз животната средина – во однос на единаесет конкурентни возила во категоријата компактни "SUV".
"EV3" нуди досег до 605 км (WLTP) и е опремен со технологија за брзо полнење од 400 V, што му овозможува да се полни од 10% до 80% за 29 минути. Неговото меѓуосовинско растојание од 2,68 метри и должина од 4,30 метри создаваат пространа внатрешност. "EV3" има 460-литарски багажник со флексибилен двослоен под, плус 25-литарски багажник под хаубата.
Заедно со пет други победници во категоријата, вклучувајќи "4×4 и пик-ап", "голем SUV", "голем автомобил", "перформанси и луксузни автомобили" и "урбан модел", победникот во категоријата компактен SUV, "Kia EV3" сега оди во последната рунда на оценување за одредување на вкупниот победник на наградите "WWCOTY".
Големиот победник на "WWCOTY" ќе биде објавен на 6 март, два дена пред Меѓународниот ден на жената.