Кинеските марки регистрираа 3,5% помалку електрични возила во Европа во 2024 година отколку во 2023 година.
Според податоците со кои располага "Dataforce", ова е прв годишен пад откако кинеските производители влегоа на пазарот.
Севкупно, кинеските производители на автомобили, меѓу кои се "BYD", "MG", "Nio" и "Xpeng", освоија околу 8,5% од пазарниот удел, пишува "Bloomberg".
Декември го одбележа вториот месец на дополнителни царини воведени од Европската унија, откако беше откриено дека кинеските државни субвенции им даваат неправедна предност на електричните возила од кинеско производство.
Низ Европа, кинеските производители на автомобили во декември имаа 8,2% од пазарот на електрични возила, што е благ скок во однос на претходниот месец. Сепак, сè уште е под просекот.
Податоците ги опфаќаат земјите од Европската унија, Обединетото Кралство и членовите на Европската асоцијација за слободна трговија, како што е Норвешка.
Дополнителните давачки од ЕУ, кои во случајот со "MG" значат царини до 45%, почнаа да влијаат на пазарот на почетокот на годината.
И покрај неодамнешните неуспеси, кинеските конкуренти остануваат „егзистенцијална закана“ за европските производители на автомобили, се вели во извештајот на компанијата за истражување на пазарот "Jato Dynamics".