"Suzuki Jimny Nomade" со пет врати се покажа како неверојатно популарен кај јапонските купувачи, принудувајќи го производителот на автомобили привремено да ги прекине нарачките.
Побарувачката е толку голема што "Suzuki" мораше привремено да го прекине примањето на нови нарачки, бидејќи бројот на примени барања далеку ја надминува нивната способност да се одржи во чекор со производството.
Само четири дена откако го објави моделот "Jimny Nomad" во Јапонија, "Suzuki" веќе виде дека добил неверојатни 50.000 нарачки.
Со оглед на тоа што производството во Јапонија моментално е ограничено на скромни 1.200 единици месечно, некои купувачи би можеле да чекаат три и пол години пред да пристигне нивниот нов "SUV".
Во објава на својата официјална веб-страница, "Suzuki" им се извини на потенцијалните купувачи кои нема да ја добијат новата верзија на "Jimny" наскоро.
„Им се извинуваме на клиентите што размислуваат да го купат "Jimny Nomad" за прекинот на нарачките. Ви благодариме многу за вашиот интерес за нашите производи. "Jimny Nomad" беше многу добро примен и добивме нарачки кои далеку го надминуваат нашиот производствен капацитет“, велат од компанијата.
„Поради ова, привремено ќе ги прекинеме нарачките. Ќе ве известиме кога повторно ќе ги отвориме, со оглед на моменталната ситуација во производството. Искрено се извинуваме за непријатностите и го цениме вашето разбирање“, велат од "Suzuki", а пренесува "CarScoops".
Според "Suzuki", "Jimny Nomade" ја задржува способноста за теренски терен со подобрен пристап и удобно седење за четворица возрасни“, благодарение на дополнителните врати и продолженото меѓуоскино растојание.
"Jimny Nomade" со пет врати е долг 3.890 mm и има меѓуосовинско растојание од 2.590 mm, што значи повеќе простор за патниците одзади. Зголемен е и капацитетот на багажникот.
Дизајнот на предниот и задниот дел е идентичен со „краткиот“ модел "Jimny Sierra" кој дебитираше во 2018 година, а единствената разлика e „Gun Metallic“ завршната обработка на решетката со пет отвори и обложената рамка.
Под хаубата се наоѓа истиот, атмосферски 1,5-литарски бензински мотор со 103 коњски сили и 134 Nm максимален вртежен момент. "Suzuki" нуди избор помеѓу пет-брзински мануелен и четири-брзински автоматски менувач, секогаш во комбинација со стандарден "4WD" систем.
"Suzuki Jimny Nomade" ќе пристигне во јапонските салони за автомобили од 3 април, а ќе чини од 17.000 евра па нагоре.
Производителот не соопшти кога ќе пристигне „затегнатата“ варијанта "Jimny" – планот беше целосно електрична верзија на теренецот да пристигне во Европа, но по неодамнешните изјави на извршниот директор на компанијата, тоа можеби нема да се оствари.