Шефот на "Volkswagen" ја објаснува тајната на успехот на кинеските производители на автомобили

Точка

24/01/2025

21:51

5.756

Големина на фонт

а а а

Продажбата на "Volskwagen" се намали минатата година поради послабите резултати во Кина, каде автомобилскиот гигант продаде речиси 10 отсто помалку возила отколку во 2023 година.

„Кина е „фитнес центар“ за автомобилската индустрија“, изјави извршниот директор на Volkswagen (VW) Оливер Блуме во интервју за германскиот неделник „Die Zeit“, истакнувајќи дека кинеските производители станаа конкурентни за кратко време благодарение на иновациите.

Иновациите, на пример во батериите, софтверот и автономното возење, се развиваат во Кина прагматично и економично, многу брзо и многу креативно, изјави Блуме за неделникот „Die Zeit“, според претходно објавен текст на разговорот.


Според него, таквиот однос и експертиза од Кина може да се искористи за пренесување на иновациите на целата компанија, особено во Германија каде што продажбата е забележително забавена.

Шефот на Volkswagen смета дека заштитата на европскиот пазар на автомобили од кинескиот увоз не може да се сведе на само воведување тарифи.


Главната цел треба да биде интелигентна организација на царините, рече тој, додавајќи дека тие би можеле да се поврзат со инвестициските стимулации.

Продажбата на "Volskwagen" се намали минатата година поради послабите резултати во Кина, каде автомобилскиот гигант продаде речиси 10 отсто помалку возила отколку во 2023 година. Тие сепак ја задржаа својата водечка позиција на пазарот за возила со мотори со внатрешно согорување, со пазарен удел од над 20 проценти, забележува новинската агенција "dpa".


На пазарот за електрични автомобили, одамна беше претекнат од кинескиот BYD.

Во Кина за краток временски период се разви конкурентна автомобилска индустрија и таа сега е еден вид „фитнес“ центар за нас, заклучи Блуме.