[ВИДЕО] Јануари е, а веќе имаме кандидат за баксуз на годината

Точка

23/01/2025

14:22

2.926

Големина на фонт

а а а

Годината штотуку започна, а еден механичар во Велика Британија е веројатно кандидат за најголем губитник во 2025 година.

"Ferrari F40" е егзотика сам по себе. Уште и кога пред себе го имате примерокот со најголема километража на светот, ќе го негувате како капка вода на дланка. Или можеби не …

Нашиот несреќен механичар од почетокот на статијата е вработен во "Ferrari", кој по неколку поправки го однел ова "F40" на тест возење. Сепак, не одеше се според планот.

Изгледа дека во еден момент, бидејќи патот бил лизгав, наместо да се обиде да маневрира, стиснал на сопирачките и токму тогаш дошло до несреќата бидејќи автомобилот практично се превртел на страна.

"Ferrari F40" има пневматици "Pirelli P-Zero Asimmetrico" кои се направени специјално за него, но проблемот е што тие не работат многу добро на влажни услови како овие на видеото. Со комбинацијата на тој фактор и моќните 471 коњски сили пренесени на задните тркала, овој механичар речиси немаше шанса.

Очигледно автомобилот не одел пребрзо, но механичарот дефинитивно морал да му даде уште малку гас пред да се случи несреќата. Нагазил на „non-ABS“ сопирачките, што не требало да го направи.

Уште еден интересен факт: Ова не е единствениот "F40" што имаше несреќа во 2025 година. Оштетен е и болидот на Ф1 возачот Ландо Норис, а повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА.