Ако ги барате трите најекстремни автомобили на денешницата, ќе ги најдете во компаниите предводени од Џон Хенеси, Кристијан фон Коенигсег и Мате Римац.
Уште неколкумина лесно можеа да се приклучат на групата, но за жал поради обврските не можеа да присуствуваат на овој необичен настан организиран од "Top Gear". Хорацио Пагани и Енди Мареј се извинија што не присуствуваа. Навистина е штета, бидејќи тие двајца би имале што да кажат.
Идејата на овој собир е тројцата шефови да ги тестираат болидите на нивните најлути ривали. На патеката беа донесени "Hennessey Venom F5", "Koenigsegg Jesko" и "Rimac Nevera", а во резерва беше и "Bugatti Chiron".
Очекувано, Римац ги пофали двата ривалски модели, бруталноста на "Hennessey" и брзината на "Koenigsegg" и лесно се согласи со својот шведски пријател. Сепак, она што беше најмногу изненадувачки беа впечатоците што Хенеси ги имаше по возењето на "Nevera". Му се допадна автомобилот, дури и звукот на електричниот погон.
Видеото завршува со бркотница помеѓу Римац и Кенигсег во "Nevera" со дискусија за динамиката на возилото, а потоа можеме да видиме преглед на вториот дел, во кој тројцата шефови ќе разговараат за нивното искуство, како и за нивните ставови за автомобилската индустрија и мотоспортот.