Како што се менувала нивната нето вредност во банките, така се менувал и нивниот физички изглед.
Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг се рангирани на 1., 2. и 4. место меѓу најбогатите луѓе во светот. За нивниот живот и успех се раскажани многубројни приказни. Сите тие имаат едно заедничко – почнале како обични работници, а потоа станале бизнисмени.
Како што растела нивната нето вредност, така се менувал и нивниот физички изглед. Во овој контекст, не станува збор за пластична хирургија, туку за личен развој и трансформација.
Првиот пример е Џеф Безос, кој во доцните 90-ти години продавал книги, а потоа го основал Амазон. Денес, тој изгледа како мускулест Аполон.
Погледнете ја галеријата со нивните трансформации:
Тука е и Марк Цукерберг, кој стана најмладиот милијардер во светот благодарение на Фејсбук. Неговите слики од времето кога студирал на Харвард покажуваат колку се променил.
Илон Маск, секако, е пример кој зборува сам за себе. Во последно време, единственото нешто што се спомнува во контекст на неговиот физички изглед е употребата на Оземпик (лек за лица со дијабетес), кој го користел за слабеење. Но, она што е сигурно е дека физички се променил значително.