Реал пред пет години го плати 63 милиони евра! Сега оди во последниот клуб од Серија А?

Точка

22/01/2025

11:34

797

Големина на фонт

а а а

Милан се обиде да го продаде минатото лето, но тој одби да си замине за да добие нова можност која никогаш не дојде.

Лука Јовиќ (27) мора да одлучи дали кариерата ќе ја продолжи во Монца. Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обесштетување, а извршниот директор на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за последниот тим од Серија А, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.

Милан се обиде да го продаде минатото лето, но тој одби да си замине за да добие нова можност која никогаш не дојде. Оваа сезона има четири настапи (88 минути) и нема постигнато гол. Тој може да го заврши својот престој во Милан, кој започна во летото 2023 година, со девет гола и две асистенции на 34 натпревари.

Во јануари тој беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хутер, со кој соработуваше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019 на 48 натпревари имаше 27 гола и седум асистенции, со што заработи трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.

Тој помина сезона и половина во мадридскиот клуб, по што се врати во Ајнтрахт на позајмица, постигна осум гола под водство на Хутер и донекаде ја оживеа кариерата. По враќањето во Реал Мадрид не продолжи со добрите настапи. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.

Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според Трансфермаркт, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.