Ерлинг Халанд потпиша нов необичен договор со Манчестер Сити во времетраење од 9 ипол години, а бидејќи никој не очекуваше таков расплет во овој момент, Норвежанецот мораше да ги искаже и првите импресии откако си подаде рака со „граѓаните“.
Уште од првиот ден кога стапна на „Итихад“, медиумите зборуваа за специјална клаузула во неговиот договор според која може да замине во најголемите два клуба во светот (Реал Мадрид и Барселона), па сега еден новинар директно го запраша дали исклучува трансфер во Шпанија и се откажува од сонот да заигра за најпрестижните клубови.
Новинарот како пример му го долови случајот на Луис Хамилтон кој неодамна потпиша за Ферари, но одговорот на Халанд беше до толку мирен и сталожен, што навивачите на Манчестер Сити не можат да бидат позадоволни од ставот на својот голгетер.
– Што сакаш да ти кажам? Потпишав девет ипол годишен договор со Сити. Секако дека сум среќен што нема да играм за тие два клуба, направив избор и мојот избор е Сити. Имам желба да останам многу години во Манчестер и тоа е она што навистина ме интересира.
– Разговарав со мојот агент и тие ме убедија дека ова е вистинската одлука за мене. Преговорите течеа добро и на крајот постигнавме договор и навистина сум среќен од целиот расплет. Мислам дека ова е генијален клуб за мене, – порача Халанд.
Erling Haaland is reminded that he’ll never get the chance to play for Real Madrid or Barcelona:
— Hayters TV (@HaytersTV) January 21, 2025
“I’ve just signed a nine-and-a-half-year deal, what do you want me to say?” 😅
🔗 https://t.co/T4TeQKAmov pic.twitter.com/ewqXIGlAtY