Синер го растури домашниот миленик за пласман во полуфиналето во Австралија

Дерби

22/01/2025

13:54

537

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер продолжува со својот пат кон одбрана на тронот во Австралија, откако денеска со едно моќно и извонредно издание не му даде никаква шанса на домашниот миленик.

Алекс Де Минор влезе во мечот со големи амбиции за докажување пред својата публика, но Австралиецот многу брзо сфати дека нема што да бара во дуелот со расположениот Италијанец, кој навистина многу ретко грешеше и делуваше неуништливо со стабилната игра.

Де Минор брзо влезе во „машината за мелење“ на Синер и ги загуби првите два сета со 6:3 и 6:2, додека во третиот, Италијанецот беше уште подоминантен.

Синер му препушти само еден гејм на популарниот „Демон“ и на рутински начин се пласираше во полуфиналето на Аустралијан Опен, турнир на кој ја брани титулата од минатата година.

Светскиот рекет број еден во полуфиналето за ривал ќе го има Бен Шелтон, додека во второто полуфинале кое исто така се игра во петок, силите ќе ги одмерат Ѓоковиќ и Зверев.