Ова е жената со најмногу пирсови на светот: Носи 3 килограми накит на телото и не планира да престане – „Не уживам, но…“

Точка

18/01/2025

14:14

838

Големина на фонт

а а а

Пирсингот е само дел од екстремните подвизи по кои е позната. Оваа жена е егзибиционистка која може да спие на клинци, да оди по оган или парчиња стакло.

Елејн Дејвидсон (56), која живее во Единбург, го доби својот прв пирс во 1997 година и оттогаш не престанала. Таа го држи Гинисовиот рекорд за најмногу пирсови кај жена, достигнувајќи 11.003 пирса во јануари 2019 година.

Пирсови има на речиси секој дел од телото – челото, брадата, градите, рацете, па дури и на интимните зони. Освен што ја прават препознатлива, обетките ѝ даваат можност за креативна експресија. Елејн ужива да го менува накитот, да се шминка впечатливо и да носи пердуви во косата.


Од медицинска сестра до светски рекордер

Родена во Бразил, Елејн за првпат го собори рекордот во мај 2000 година, кога официјален претставник на Гинисовата книга на рекорди документира 462 пирса на нејзиното тело, од кои 192 на лицето.

Иако многумина сметаат дека ваквиот стил е болен, таа инсистира дека може удобно да спие со сиот накит. Сепак, во 2009 година откри дека всушност не ужива во самото пирсување.


„Не уживам во тоа, но за да го задржам рекордот морам да продолжам. Моето семејство не сака тетоважи и пирсинг“, изјави Елејн.

Повеќе од пирсинг

Покрај својот уникатен изглед, Елејн е позната и по други екстремни активности. Таа може да спие на клинци, да оди по стакло и огнени површини. Има црн појас во џудо, ужива во нуркање, јавање и други авантуристички спортови.


Елејн сериозно ја сфаќа својата улога како рекордерка. Таа ја смета за одговорност и обврска, што е една од причините зошто никогаш не пие алкохол, не пуши и не користи дроги – сака да биде целосно фокусирана на сè што прави.