Трамп очигледно сака сите да го гледаат како „спасител на TikTok“.
Извршниот директор на "TikTok", Шоу Зи Чу, одговори на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во врска со одлуката на Врховниот суд во петокот за забраната од САД.
"Во име на сите во "TikTok" и на сите наши корисници ширум земјата, сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговата посветеност да работи со нас за да најдеме решение што ќе му овозможи на "TikTok" да остане достапен во Соединетите Држави. Ова е силен став за Првиот амандман и против произволната цензура“, рече Чу во видеото што го објави на "TikTok".
"TikTok" смета на поддршката на Трамп за да ја зачува законитоста на платформата во сопственост на кинеската компанија.
@tiktok Our response to the Supreme Court decision.
♬ original sound - TikTok
Трамп очигледно сака сите да го гледаат како „спасител на TikTok“, ветувајќи на својата платформа „Truth Social“ дека е во разговори со кинескиот претседател Кси Џинпинг за изнаоѓање начин да се спаси платформата.
"Благодарни сме и задоволни што ја имаме поддршката од претседател кој навистина ја разбира нашата платформа, кој го користел "TikTok" за да ги изрази своите мисли и ставови, поврзувајќи се со светот и генерирал повеќе од 60 милијарди прегледи на неговата содржина во процесот. Бидете уверени, ќе сториме се што е во наша моќ за да го обезбедиме успехот на нашата платформа. Повеќе информации наскоро", додаде Чу.